Минималецот во Македонија ќе изнесува 8.050 денари

Bez autora
Oct 03 2011

Минималната плата во Република Македонија ќе изнесува 8.050 денари во нето или 12.265 денари во бруто-износ, по договор на трите социјални партнери - Владата, работодавачите и синдикатите. За првпат во историјата на независна Македонија, по 20 години преговори на различни гарнитури - политички, економски и синдикални, постигнат е договор за утврдување на минимална плата. Овој договор е постигнат на седницата на Економско-социјалниот совет на чело со премиерот Никола Груевски. Утврдување на платата во овој износ е во оптимално ниво и нема да предизвика негативни последици во економијата и врз вработеноста, бидејќи до оваа сума е дојдено преку согласен став помеѓу синдикатите и работодавачите. Многу се внимаваше да нема негативни последици. Утврденото ниво на минимална плата се однесува на основната плата за полно работно време и нормален учинок, односно во износот не се вклучени додатоците на плата, кои доколку постои основ за исплата, се додаваат на утврдениот износ.

Минималецот во Македонија ќе изнесува 8.050 денариМинималната плата во Република Македонија ќе изнесува 8.050 денари во нето или 12.265 денари во бруто-износ, по договор на трите социјални партнери - Владата, работодавачите и синдикатите.

За првпат во историјата на независна Македонија, по 20 години преговори на различни гарнитури - политички, економски и синдикални, постигнат е договор за утврдување на минимална плата. Овој договор е постигнат на седницата на Економско-социјалниот совет на чело со премиерот Никола Груевски.

- Утврдување на платата во овој износ е во оптимално ниво и нема да предизвика негативни последици во економијата и врз вработеноста, бидејќи до оваа сума е дојдено преку согласен став помеѓу синдикатите и работодавачите. Многу се внимаваше да нема негативни последици - изјави Груевски

Утврденото ниво на минимална плата се однесува на основната плата за полно работно време и нормален учинок, односно во износот не се вклучени додатоците на плата, кои доколку постои основ за исплата, се додаваат на утврдениот износ. Доколку вработениот не ги остварува очекуваните резултати, минималната плата се намалува соодветно на сработеното.

Премиерот истакна дека со овој договор ќе се подобри состојбата на 65 илјади работници чија плата во моментот е под предложеното ниво. Тој го најави донесување на закон за минимална плата до крајот на годината, кој ќе почне да се применува од 2012 година.

- Процесот опфаќа усогласување со предвиденото решение на дел од претпријатијата, односно работодавачите ќе треба да ги усогласат платите на околу 65 илјади лица на кои се исплатува плата под предложеното ниво, меѓу кои најголемиот дел кои работат во секторите текстил, производство на кожа и на облека. Поради тоа ќе се обезбеди период на усогласување од три години во кој ќе се достигне предложениот износ на минимална плата - подвлече премиерот Груевски.

Работодавачите и синдикатите изразија задоволство што за првпат се утврдува минимална плата во државата со која ќе се обезбеди пред се материјална сигурност за работниците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik